ШПЕКУЛАЦИЈА Е: Родителите демантираат дека има снимка на која се гледа дека Вања се качила во бел автомобил

Родителите на исчезнатото девојче Вања Ѓорчевска велат дека не се точни шпекулациите кои вечерва се појавија во јавноста, а според кои наводно девојчето се гледа на една снимка од безбедносна камера како се качило во бел автомобил.

Тоа не е вистина, шпекулација е, велат родителите на исчезнатото девојче по кое МВР интензивно трага. Претходно во текот на денот, мајката на девојчето Зорица Ѓорчевска замоли да не се шират дезинформации и дека е задоволна од работата на полицијата.

Задоволна сум од работата на полицијата, која во текот на ноќта и денес активно ја бара ќерка ми. Замолувам да не се шират дезинформации, напиша Зорица Ѓорчевска, мајка на исчезнатото девојче, на социјалните мрежи.

Ние интезивно работиме. Формиран е штаб при СВР Скопје. Максимално сме посветени при наоѓање на девојчето. Постојано сме во контакт и со семејството. Извршени се низа на разговори со блиски луѓе и со лица со кои мислиме дека можат да имаат податоци и се гледаат видео материјали и се прават мерки кои се потребни за да се расчисти случајот, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Девојчето исчезна вчера откако излегло од дома и тргнало накај училиште. За многу брзо време нејзиниот телефон бил исклучен, а класниот раководител ја информирал мајката дека девојчето не е на часови, по што мајката веднаш пријавила во полиција и започнала потрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons