Проверен е компјутерот и пораките на Вања, мајката во шок – пријатели и роднини вклучени во потрагата 

Ништо не било најдено во компјутерот на исчезнатата 14-годишна Вања, а од снимките од надзорните камери во мали бизниси кои се наоѓаат по трасата каде вообичаено се движело девојчето, не можат да се утврдат никакви детали бидејќи не снимаат јавна површина. Ова го сведочи мајката Зорица Ѓорчевска, објави skopje1.mk.

Потрагата трае, а МВР прават се што можат за нејзино пронаоѓање.

Телефонот на Вања е и натаму исклучен, а од пораките кои ги проверувало семејството и полицијата, не било најдено ништо што би дало индиција каде е девојчето.

Во потрагата, освен МВР, се вклучиле и роднини. Низ бандерите во Центар веќе има и фотографии од Вања. Семејството се обидува да добие било каква информација за младото девојче.

Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути вчера (понеделник), а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Скопје1

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons