ШОКАНТНО: Советничка на бигарски премиер шпионирала во корист на Македонија? 

Советничката на екс бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева е под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје. 

Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и дека самата лобира во преговорите со Македонија.

Од партијата „Преродба“ поставија повеќе прашања на оваа тема до шефот на бугарската Државна агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, на денешната седница на Народното собрание. 

Одговорот на шефот на Агенцијата Тончев, пишуваат 24 часа, рече дека тоа се чувствителни информации. 

„Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на Македонија“, вели тој.

Хамид Хамид од ДПС праша како во ДАНБ се процесуира протекувањето на внатрешни информации.

Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори. Бугарија со вето ги попречуваше преговорите на Македонија со Европската Унија (ЕУ). Сега Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот за да може Македонија да продолжи да преговара со ЕУ. 

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons