Македонија утре игра историски меч на ЕП, ќе поставиме рекорд во посетеност 

Македонската ракометна репрезентација утре го почнува настапот на Европското првенство во Германија, а мечот против Франција ќе биде посебен.

Македонија и Франција од 18 часот го отвораат првенството во Диселдорф. Тоа ќе биде прв ракометен натпревар на фудбалски стадион одигран на Европско првенство.

ЕХФ потврди дека се продадени повеќе од 53.000 билети, а тоа значи дека ќе биде најпосетуван ракометен меч во историјата.

Претходниот најпосетуван меч во светот бил дуелот од германскиот Суперкуп меѓу Хамбург и Рајн Некар кој се одиграл во Франкфурт пред десет години, го проследиле 44.189 гледачи.

По нашиот напревар, домаќинот Германија игра против Швајцарија.

Само мечевите од првото коло ги играме во Диселдорф, потоа се селиме во Берлин каде ќе се одиграат преостанатите две кола.

Од Диселдорф за МКД.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons