Четири медали за македонските млади каратисти на Балканското првенство во Љубљана 

На 23 Балканско карате првенство за кадети, јуниори и У21 во Љубљана, Словенија, младите македонски каратисти освоија четири медали.

Сребро освои Или Биљали во јуниорска конкуренција во категоријата -68 кг. кој во финалето загуби од Ѓорѓе Грубиќ (Србија).

Потоа, сребрен медал има и Цветан Маргаритов (кадети) кој во категоријата до 57 килограми во финалната борба претрпе пораз од Ведад Мујиќ од Босна и Херцеговина.

Во женска јуниорска конкуренција Сара Дука (-48 кг.) се закити со бронзениот медал, додека бронза освои и Драгана Евтимовска кај кадетките (-61 кг.)

Најмногу медали на овој шампионат има Турција, вкупно 21, од кои осум златни, пет сребрени и осум бронзени.

На ова Балканско првенство во Љубљана имаше учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons