ФК Вардар: Сите во ФФМ да си поднесат оставка, време е Горан Пандев да застане на чело! 

Во саботата екипата на Вардар претрпе нов пораз во Втората македонска лига – Запад, на гостувањето кај Гостивар со 2:1 и направи чекор назад во борбата за враќање во елитата.

Денеска досегашниот тренер на скопските „црвено-црни“, Никола Глигоров си поднесе оставка. Потоа, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека се суспендирани судиите кои го водеа мечот помеѓу Гостивар и Вардар.

И од ФК Вардар го изразија незадоволството поради судиските одлуки на оваа средба, сопственикот на клубот, Слободан Крстевски го впери прстот кон првите луѓе на фудбалот во нашата земја и побара сите во ФФМ да си поднесат неотповиклива оставка.

– Серијата „2 МФЛ“ продолжува, само се менуваат главните актери, борбата за власт, позиции, гласови, а интересот на фудбалот и развојот никој не го гледа. Сѐ е купено и договорено однапред, никакви правила не важат, за некои клубови има отстапки, а некои клубови се тешко оштетени секое наредно коло.

Со вчерашното бламирање во Гостивар раководните структури на ФФМ го направија првенството да биде нерегуларно на дрзок и безобразен начин со една цел, екипата на ФК Вардар по секоја цел да остане во втората лига.

Претседателот на Федерацијата можеше на почетокот на сезоната да нѐ информира дека има за цел по секоја цена однапред на зелена маса да се договорат финалните позиции на табелата што ќе беше покоректно, отколку на ваков начин да се наруши регуларноста на првенството.
ФФМ, доста е веќе!

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FFKVardarSkopje%2Fposts%2F363669845802089&show_text=true&width=500

Кај нас во ФК Вардар се е веќе јасно и овој пат нема повлекување, поминати се сите граници, на неколку наврати во минатото сме реагирале на нерегуларностите кои ги сервираа од ФФМ, но веќе нема. Сега одиме до крај!

Безусловно бараме целото раководство на ФФМ да си поднесе неотповиклива оставка на чело со претседателот Сејдини и сите комисии при ФФМ да се самораспуштат. Време е за промени, време е фудбалски величини како Горан Пандев да застанат на чело на ФФМ, за да може македонскиот фудбал да мрдне од мртва точка – се зборовите на Слободан Крстевски, сопственик на ФК Вардар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons