Четворица повредени во сообраќајка во близина на Ќафасан

На 17.05.2022 во 18.50 часот во струшката полиција е пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел корса” управувано од Л.Б.(23) од Албанија и „фолксваген пасат”  управувано од Ј.Т. (38) исто така од Албанија.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б.(39) и патникот во патничкото моторно возило „пасат”, М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Со полесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВРСтруга.

slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons