Детали за несреќата кај Блаце: Уапсен скопјанец, се трага по три лица меѓу кои малолетник кои биле во возилото што падна во Лепенец 

На 17.06.2023 околу 15.20 часот е пријавено дека на патот Скопје- ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б.(64) од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец.

Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник.

По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons