Се запали локомотива на патнички воз

МВР информираше дека избил пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија во близина на железничката станица Кукуричани кај Неготино.

-Околу 18:42 часот во текот на вчерашниот ден во ОВР Неготино било пријавено дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотивата. Екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото ивршила екипа од ОВР Неготино, информира МВР во полицискиот билтен.

Инаку вчера на социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како неколку луѓе се обидуваат со кофи со вода да го изгаснат пожарот, при што од локомотивата излегува густ чад.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons