ЦСКА Софија сака мечот против Македонија ЃП наместо во Скопје да се игра во Ниш 

Поради политичките тензии меѓу Македонија и Бугарија, во ЦСКА Софија сметаат дека не е безбедно да се игра во Скопје, тие особено се жалат откако добија само 60 билети за нивните навивачи. 

Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија на 21. јули во тренинг ценарот на ФФМ „Петар Милошевски“ ќе го играат првиот квалификациски меч од Конференциската лига. Капацитетот на стадионот е само 1.152 места, па Македонија ЃП во консултација со ФФМ и МВР реши на ЦСКА Софија да им отстапи само 60 билети. Тоа е направено од безбедносни причини. Бугарите се незадоволни од тоа што добија само 60 билети и се прашуваат дали мечот треба воопшто да се игра во Скопје. Дел од нивните медиуми сметаат дека ЦСКА Софија треба да побара од УЕФА да го премести мечот во Ниш наместо во Скопје, од друга страна пак сметаат дека реваншот кој е закажан за 28. јули треба да остане како што е предвидено, да се игра во Софија бидејќи Бугарите немале такви чувства на омраза кон Македонците како што ние сме имале кон нив. Бугарите сакаат односот меѓу нас и нив да го претстават како оној меѓу Русија и Украина или Ерменија и Азербајџен, но не се верува дека би добиле позитивен одговор од УЕФА. Се прашуваме дали ова значи дека гигант како ЦСКА Софија стравува од Македонија Ѓорче Петров?

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons