Цените нагло растат: Погледнете колкаво е поскапувањето 

Бидејќи владата не ги продолжи антикризните мерки цените во маркетите нагло пораснаа. И додека од владата донесат одлука за нови мерки граѓаните веќе се прашуваат како ќе преживеат имајќи предвид дека поскапувањата најмногу удрија на основните намирници за живот.

Ценометар кој ги следи цените на производите забележа големо поскапување кај масло за јадење поскапи од 20 до 25 денари, шеќер од 5 до 8 денари, брашното од 6 до 9, млекото од 6 до 9 денари, оризот од 5 до 7 денари, гравот од 5 до 10 денари.

Овој ценовен шок, сериозно ќе се одрази на семејните буџети, а се заканува да ја отвори инфлаторната спирала и потоа ако го има секое зголемување на платите ќе биде попусто.

Во маркетите викендов се забележува дека цените на бананите се движат од 65 до 69 денари, лимонот се продава по цена од 79 до 99 денари, цената на јаболката е од 29 до 79 денари, краставиците се од 35 до 45 денари, печурките од 65 до 112 денари, јогуртот од 54 до 68 денари…

До каде ќе се движат цените во нагорна линија, и до кога ќе може просечниот македонски граѓанин да издржи, останува да видиме.

И поскапеа само намирниците, откако владата не ги продолжи мерките горивата поскапеа и за прв пат литар бензин се продава над 100 денари, а дизелот малку му фали да ја надмине границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons