Цената на нафтата достигнува драматични размери – нов раст на барел нафта на светските берзи 

Цените на нафтата драстично пораснаа што според економистите се должи на новите олеснувања воведени во Кина по рестрикциите наменети за стопирање на ширењето на коронавирусот во земјата и поради планот на Европската унија да го забрани увозот на руска сурова нафта.

–  Европската нафта Брент синоќа достигна 120,2 долари за барел, по што благо падна на 119,8 долари. Цената на Брент, која претставува референтна вредност на светскиот пазар на нафта, минатата недела затвори со добивка од 6,0 отсто, на највисоко ниво во последните два месеци – пренесува „Блумберг“.

Американската нафта WTI исто така зајакна и се тргува за 115,8 долари за барел, според најновите достапни податоци.

Властите во Шангај, трговскиот и деловниот центар на Кина, им дозволија на сите производители да продолжат со работа од јуни, а владините претставници рекоа дека епидемијата на коронавирус во Пекинг е ставена под контрола.

Покачувањето на цените на „црното злато“ го поддржаа и најавите дека министрите на земјите членки на ЕУ, кои во неделата не успеаја да се договорат за договор за ревидиран пакет санкции што ќе вклучува забрана за руската нафта, продолжи со разговорите оваа недела.

Унгарија досега одбиваше да поддржи компромис и покрај предлозите кои нудат одредени отстапки за да се обезбедат резерви на нафта, официјален претставник на ЕУ за Блумберг изјави дека договорот е сè уште можен во наредните денови.

За нафтата „брент“, мај е шестиот месец што ќе заврши со подем, што е најдолг циклус на раст на нејзината цена во повеќе од десет години. За тоа придонесоа последиците од руско-украинската војна, како и зголемената побарувачка и условно кажано, враќањето на економската активност во нормала.

Дополнително, скокот на цените се должи и на огромната побарувачка на гориво во САД, каде викендов започна летната сезона на возење, што ги доведе малопродажните цени на бензините во таа земја на рекордно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons