МакедонијаНајново

Хоспитализиран 13-годишник кој бил претепан од родител на негов соученик

Тринаесетгодишно дете завршило во болница откако вчера попладне во Аеродром било истепано од родител на негов соученик, информираат од МВР.

– На 25.09.2026 во 15:38 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од С.Р. – родител на негов соученик- се вели во соопштението. 

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons