Хеликоптерот со кој се превезувал Путин се урна во Москва при слетување

Хеликоптер кој е дел од флотата со највисоки руски функционери, вклучително и претседателот Владимир Путин, наводно се урнал при слетување во Москва.

Хеликоптер Мил Ми-8 удри во земја во петокот при слетување на меѓународниот аеродром Внуково, кој се наоѓа на околу 42 километри југозападно од центарот на руската престолнина, објави руската државна новинска агенција Интерфакс.

Воздухопловното издание Aerotime Hub објави дека хеликоптерот му припаѓал на специјалниот летачки одред „Россија“, кој управува со авиони што се користат за транспорт на руски владини претставници. Не е јасно кој бил во хеликоптерот и дали има повредени во инцидентот.

Службите за итни случаи на кои се повикува Интерфакс соопштија дека „според прелиминарните податоци има жртви“, повикувајќи се на извор од аеродромот кој рече дека нема повредени во инцидентот.

„За време на слетувањето хеликоптерот го заглавил пропелерот на земја и го оштетил делот од опашката“, изјавил за агенцијата извор од аеродромот. Newsweek го контактирал аеродромот Внуково за дополнителни коментари,  а веста ја пренесе и Москва тајмс на руски јазик.

Рускиот телеграмски канал „Маш“ објави слика од, како што вели, резултатот од несреќата. На фотографијата наводно се гледа натписот „Росија“ истакнат на хеликоптерот и очигледно отсечен од сечилата на роторот на опашката.

Според медиумите станува збор за Mi-8MTV-1, произведен во 2013 година, за 22 патници“, се вели во пораката од Маш.

„Россије“ имаше летови околу аеродромот во петокот наутро и попладне, што значи дека Ми-8МТВ-1 најверојатно летал со исклучен транспондер.Фото: Принтскрин/Твитер

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons