Дали Таравари сака во Владата заради математика или „бурек позиции“, се прашува Николоски

На новинарско прашање поврзано со изјавата на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари дека е можен влез во Владата заради зајакнување на про-европското мнозинство и со цел да се направат уставни измени, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја постави дилемата дали Таравари има предвид некоја математика со власта, потсетувајќи дека пред неколку години истата партија излезе од Владата не прифаќајќи да добие „министерства за носење бурек“.

„Јас овој Арбен Таравари не го препознавам, познавам еден друг Арбен Таавари и навистина ми е жал што го гледам во вакво издание како претседател на Алијанса за Албанците. Прво не можеме да извлечеме заклучок од изјавите. Не само што ги менува секој ден, туку и во едно исто интервју или изјава она што ќе го каже во првата минута, самиот го демантира во втората или третата. Една од најсмешните тези е дека влегувал во владата за обезбедување на уставно мнозинство од 80 пратеници, иако сите се свесни дека такво уставно мнозинство нема. Мислам дека сака да влезе во владата заради математика. Е сега математиката дали е бурек или нешто друго, треба самиот да одговори и да каже, но јасно е дека сакаат да влезат во владата заради математика. На крај тоа е нивна одлука или негова одлука. Можеби е уценет, има и такви работи кои што се слушаат во политичката чаршија, но јас не би сакал да шпекулирам повеќе од ова”, рече Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons