Фудбалска БОМБА пред одекнување: Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Германија?!

Фудбалска БОМБА пред одекнување: Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен?!

Според шпанскиот весник „АС“, Баерн Минхен доколку го добие Кристијано Роналдо, ќе го пушти Роберт Левандовски во Барселона.

Јавно, ставот на Баерн Минхен во однос на иднината на Роберт Левандовски е многу тврд. Тие не сакаат да слушнат за негово заминување и го чекаат на стартот од подготовките.

Но, „АС“ тврди дека во позадина се работи на една супер атрактивна зделка, Кристијано Роналдо да потпише за Баерн Минхен, по што Баварците би го пуштиле Левандовски во Барселона.

Роналдо е незадоволен од трансфер активностите на Манчестер јунајтед кој изгледа пасивно во однос на ривалите Манчестер Сити, Ливерпул, па дури и Арсенал и Тотнем.

Португалецот не гледа амбиција во клубот за нешто повеќе, па сака да си замине, а Баерн Минхен е идеален тим да освои уште некоја титула пред крајот на кариерата. Во дресот на Баварците ќе му биде загарантиран трофејот од Бундеслигата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons