ФИФА со порака до Италијанците: Престанете да фантазирате, нема да играте на мундијалот во Катар! 

Евелина Кристилин, член на извршниот комитет на ФИФА, вели дека Италија нема шанси да се најде на мундијалот во Катар, дури и Иран да биде исфрлен од Светското првенство.

Синоќа се појавија гласини дека Иран би можел да биде исфрлен од СП 2022 откако на 2.000 жени кои купиле билет за дуелот против Либан не им бил дозволен влез на стадион.

Неколку медиуми од Италија побрзаа да напишат дека ова е шанса „аѕурите“ да се најдат на мундијалот во Катар како селекција со најдобар ранг која нема обезбедно учество.

Сепак, од ФИФА им порачаа на Италијанците да престанат да фантазираат.

„Вчера во Катар имавме состанок на извршниот комитет, а денеска и конгрес на делегатите, на кој беше присутен и делегатот од Иран. Никогаш не сме дискутирале за можноста Иран да биде исфрлен“ – вели Евелина Кристилин, член на извршниот комитет на ФИФА.

„Дури и Иран да биде исфрлен, друга земја од Азија ќе добие шанса за настап“.

„Да престанеме да фантазираме дека Италија може да се најде на Светско првенство, тоа е невозможно“.

Италија втор циклус по ред останува без мундијал откако минатата недела дома загуби од Македонија, „црвено-жолтите“ го шокираа фаворитот во Палермо и го фрлија на колена актуелниот европски шампион.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons