Училишните комисии ги проверуваат апликациите, листата на запишани во средно ќе биде објавена во сабота 

Комисиите во средните училишта денеска прават проверка на идентичноста на податоците од електронските апликации за упис, пратени во изминатите пет додека траеше пријавувањето, со документите што им се доставуваат.

Откако е објавена прелиминарната ранг-листа на запишани во прва година средно образование во учебната 2022/2023, потребената документација учениците до училиштата ја доставуваат денеска од 12 до 19 часот и утре од 7 до 19 часот, според распоред што го подготви секое училиште.

Конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (mon.gov.mk) ќе бидат објавени в сабота, 18 јуни.Првпат годинава пријавувањето беше електронски – нова дигитална услуга што МОН ја воведе за оптимизација на целиот процес.

До затворањето на системот за пријавување вчера во 15 часот, преку линк до порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk, пристигнале 14 500 апликации од ученици за упис во средните училишта.

Министерот Јетон Шаќири вчера на прес-конференција рече дека целокупната подготовка од МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултирало со евидентно порелаксиран процес споредено со минатите години. Посочи дека новиот начин на аплицирање одзема само 5 до 10 минути, нема турканици пред училиштата, зголеменеа е транспарентноста, а намалена улогата на човечкиот фактор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons