Истражителите од САД си заминаа, Стејт департментот ќе ги објави информациите за корумпираните функционери 

По една недела скенирање на состојбата со корупцијата, тимот од Вашингтон си замина од Македонија. Од американската амбасада во Скопје за Сител потврдуваат дека Стејт депарментот сепак останува посветен на тоа да ги идентификува корупмираните политичари. Засега  нема одговор што утврди американскиот тим  во изминатите 7 дена.

Соединетите Американски Држави се посветени на тоа да ги повикуваат на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Стејт департментот разгледува низа достапни органи на власта, кои во координација со меѓуресорски колеги,  преземaат соодветни активности за да се спротивстават на корупцијата.  

Преку идентификување под овие органи на власта, Соединетите Држави можат да промовираат одговорност за сегашни и поранешни владини функционери, кои се впуштаат во корупција, или вршат кршење и злоупотреби на човекови права, и да ги поддржуваат напорите за попречување или одвраќање од идни злоупотреби, се вели во одговорот од американсата амбасада.

И за премиерот Ковачевски нема ништо спорно земјава да добие помош од САД во справување со корупцијата, иако тврди дека и домашните институции имаат капацитет да се справат со овој проблем

Информацијата доаѓа ден откако советникот и заменикот помошникот државен секретар на САД ја одложија посетата на Македонија. наместо утре, Шоле и Ескобар ќе ја посетат земјава по Нова година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons