Уписот на првачињата стартува со нов правилник 

Уписот на првачињата за наредната учебна година во 5-те основни училишта на територија на општина Штип, стартува со нов Правилник. 

За да се испочитува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој пресуди дека се врши сегрегација на учениците од ромската етничка заедница, донесен е и нов акциски план. 

Во ОУ „Гоце Делчев“ беа формирани чисто ромски паралелки, со кое според судот, се врши еден вид дискриминација на оваа популација.

„Факт е тоа дека, ромската заедница во најголем дел живее токму на територија на ова училиште. Меѓутоа, да не се дозволи децата кои се од македонска националност да се запишуваат во другите општински училишта иако знаеме дека во Законот постои и таква можност“, изјави Снежана Санева – одделение за образование, ЛС – Штип.

Според податоците од МВР, во ова училиште треба да се запишат близу 100 првооделенци, но во пракса состојбата е многу поразлична.

„Голем дел од семејствата се иселиле од Штип, надвор од Македонија и таа бројка редовно е помала од очекуваното, изјави Зоран Митев, в.д директор на ОУ „Гоце Делчев“ – Штип. 

Законот за реонизација налага секое дете да учи во најблиското училиште до местото на живеење, но минатите години некои родители ја менуваа адресата, со цел нивното дете да учи во училиште, кое според нив, најмногу ќе му одговара. 

Според Правилникот е предвидено, децата да се запишуваат со донесување на документи со кои ќе се потврди местото на живеење, односно, престојувалиштето, додаде Санева.

За да се креираат мешани паралелки, како втора опција е дисперзија на децата од ромската заедница во останатите училишта во градот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons