Трагедија: Момче од Радовиш почина откако го уапсиле полицајци, случајот се истражува

20-годишно момче од Радовиш, кое претходно било уапсено од полицијата, вчера попладне починало во штипската болница. На младиот радовишанец му се слошило откако бил приведен, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде за жал починал.

„На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана“, велат од полицијата. 

Јавен обвинител нареди телото на починатото момче да се изврши обдукција, која треба да ги утврди причините за неговата смрт. Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons