Украинските бегалци во Македонија можат да аплицираат за азил

После две години од започнувањето на руската инвазија во Украина полека започнуваат да се решаваат предизвиците со кои се соочуваа Украинците кои решија да пребегнат во Македонија. Според првиот човек на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович, пречките се надминуваат преку барањето на азилантски статус.

„Во Македонија имаме околу 700 бегалци и за разлика од претходната година, тие имаат можност да аплицираат за азил и веќе има луѓе што им е одобрен азилантскиот статус и со тој статус тие веќе пречките што ги имаа претходно ги надминуваат, па така ќе имаат и здравствено осигурување и можност за вработување“, рече Олександ Урбанович – Здружение „Лесја Украинка“.

Како што додава Урбанович, Украинците во земјава се благодарни за пружената помош, особено воена, зашто Македонија е четврта земја од НАТО Алијансата по големина на донации по глава на жител. Досега Македонија донесе 12 одлуки за воена помош, а во нив беа вклучени и тенкови, хеликоптери и авиони. Последно, од Министерството за одбрана во ноември истакнаа дека добиле барање од Киев за нова воена помош, но засега нема позитивен одговор.

„Војната уште трае и ако има можност за помош кон Украина би замолиле за неа… тоа е неопходно да биде континуирана, зашто без континуирана помош за Украина, таа тешко може сама да се бори со голем противник како Русија“, рече Олександ Урбанович – Здружение „Лесја Украинка“.

Урбанович исто така додаде дека и покрај големиот број граѓани во земјава кои се подложни на руското влијание, Украинците во Македонија не се соочиле со било какви сериозни инциденти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons