УЖАС СЕ СЛУЧИЛ ВЧЕРА ВО СКОПЈЕ – страшна сообраќајка со двајца загинати и еден повреден

Страшна сообраќајка се случила вчера во главниот град, и тоа во скопската населба Кисела Вода, на улицата „Христо Татарчев“. Во сообраќајката животот го загубиле две лица, а едно е тешко повредено.

Министерството за внатрешни работи информираше дека автомобил „сузуки свифт“ излетал од коловозот и на местото на несреќата загинале и возачот и еден сопатник на автомобилот. Друг сопатник се здобил со тешки повради.
„Патничко моторно возило „сузуки свифт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (70) од Скопје излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц. (71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons