Стар човек убедил тројца малолетници да ограбат жена, а парите ги поделиле


Стар човек убедил деца да ограбат жена, по што парите ги поделиле. 

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир вчера го уапсиле Р.Б.(74) од Скопје.

„Тој се сомничи дека во текот на денот убедил тројца малолетници од Шуто Оризари да извршат разбојништво врз Ф.П. во нејзиниот дом, при што одзеле пари. Имено, тој со возило ги однел децата до куќата и им посочил како да го извршат делото.  Откако го сториле делото парите ги поделиле, од кои дел се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственичката“, велат од полицијата. 

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons