Големи штети пријавени од невремето во Скопје, паднати дрва и бандери, оштетени кровови

Невремето во Скопје предизвика оштетувања на кровни конструкции, на повеќе места се паднати дрва и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните.

-По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК Скопје стигнаа 40 – тина меилови.  Триесетина од нив се однесуваа на паднати дрва

-По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК Скопје стигнаа 40 – тина меилови. Триесетина од нив се однесуваа на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли. Сите меилови беа препратени до дежурниот во ЈП Паркови и Зеленило, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком, информираат од Центарот за управување со кризи.

Се споделуваат информации за  штети во скопските населби Лисиче, Ченто, Драчево, каде паѓаше град, како и за поплавувања на  сообраќајници во општините Бутел, Чаир.

Центарот за управување со кризи ги сумира јавувањата од граѓаните и дополнително ќе информира за  сите пријавени штети. 

Покрај Скопската котлина, невреме со поинтензивни процеси попладнето ги зафати  Пробиштип, Виница, Кочани и Кратово,. 

Бурата што траеше петнаесетина минути во Кочани и Виница предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.

По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани, откако силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета.

Град паѓаше и во Пробиштип,  а локалните власти и таму ги сумираат последиците од неверемето.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека во северните, централните и источните делови и во наредните часови ќе биде нестабилно со услови за локална појава на невреме со силен ветер, пороен дожд, електрични празнења и град. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Како што најави УХМР, утре ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува девет. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

-До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок УВ индекс. Најтопло ќе биде во вторник и во среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Значителна промена ќе има во четврток, кога ветерот ќе се промени во северен, а дневната температура ќе се намали за десетина степени,  најави УХМР.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons