УБИСТВО И САМОУБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА – Јавноста потресена од немилиот настан 

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја поресе демиркаписката, но и јавноста во Тиквешијата.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија. По убиството на соседот, 64-годишниот маж се самоубил. 

Ова се засега неофицијални информации, од службите се уште нема информации, она што дознаваме е дека екипите се на терен и се врши увид. 

Се очекуваат повеќе детали и официјална информација за случувањата во Демир Капија од МВР и Обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons