Ковачки: Петровска манипулира дека има нарушена психичка состојба врз основа на што бара отштета

Беа изнесе доказите од наша страна, меѓутоа ова е уште еден блед обид на министерката за одбрана да манипулира, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска започна судското рочиште пред Основниот суд 2 Скопје по тужба од Славјанка Петровска.

Ковачки изјави дека Петровска со ова вештачење од страна на специјалист психијатар само ја манипулира јавноста, укажувајќи дека дуру и Ковачевски кажал дека истото е само за потребите на судот, но не и за потребите во текот на извршување на работата, што како што рече тој не би требало така да биде.

Гледате дека таа самата има доставено едно мислење односно вештачење од психијатар специјалист со кој што сака да ја манипулира јавноста, односно за својата емотивна и психолошка состојба. Гледате дека и самиот премиер кажа дека тоа вештачење е за потребите на судот, но не и за потребите воопшто за во текот на работењето. Јас ценам дека тоа не би требало така да биде, смета тој.

Ковачки ги повика новинарите да истражат дали има некој друг ваков случај каде што психичката и емотивна состојба на едно лице се однесува само за потребите на судот, а не и за потребите на општото работење, додавајќи дека тоа е од јавен интерес за граѓаните.

Ве повикувам вас како новинари да проверите дали има друг таков случај генерално, каде што психичката и емотивна состојба на едно лице се однесува само за потребите на судот, а не и за потребите на општото работење. Мислам дека јавен интерес е тоа и тоа треба да се под истражи, нагласи Ковачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons