Трка со времето во Авганистан по силниот земјотрес, бројот на жртви надмина 2.400

Спасувачките тимови во Авганистан работат деноноќно за да извлечат луѓе од урнатините по силниот земјотрес што го погоди западниот дел на земјата и усмрти најмалку 2.400 лица.

Телефонските линии се прекинати, а многу патишта се блокирани и спасувачите се борат да стигнат до оддалечените области. Илјадници луѓе се повредени.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во саботата околу 11 часот по локално време, бил на околу 40 километри северозападно од градот Херат.

Најтешко беа погодени селата каде што куќите беа претежно изградени од кал.

„Во првиот земјотрес сите куќи се урнаа“, изјави Башир Ахмад, жител на Херат, чиешто семејство живее во едно такво село, пренесе АФП.

„Таму беа затрупани оние што беа во тие куќи. Има семејства од кои не слушнавме вести“, додава тој.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека најмалку 465 куќи се срамнети со земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons