Пациент кој починал во 2014, почнал да се лекува во 2022 година на Онкологија?

Новинарката од Слободен Печат, Мирослава Симоновска синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека видела досие на пациент кој бил починат во 2014 година, но почнал да се лекува во 2022 година.

„Сум видела со сопствените очи едно досие од тој ултра систем, повторно од таа група што ми ги пратија како досиеа во декември 2022 година, каде што пациент кој што починал во 2014 година, во 2022 година почнува да биде лекуван некој во тоа досие со друга дијагноза канцер“, вели Симоновска.

Според неа, засега непознато е дали тоа е административна грешка или пак правено со намера.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons