МагазинНајново

Тотален временски пресврт: Денеска сонце, од утре многу лоша промена

Денеска времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 15 до 20 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од среда следува промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење, температурите постепено ќе растат и ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во среда и четврток во западните делови повремено ќе достигнува и над 80 километри на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons