ТОДОРОВИЌ ДОБИ КУЌЕН ПРИТОВОР: Еве што имаше да каже кога излезе од судот – Здравев, Секуловски и Бакев одат во притвор 

Сопственикот на ланецот маркети „Тинекс“ и поранешен градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, по распитот кај судија на претходна постапка му одреди куќен притвор. Како што веќе објавивме, тој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и на Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство, информира вечерва обвинителот Љубомир Лапе по повеќечасовниот распит на осомничените во Кривичниот суд.

Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons