Изгаснат шумскиот пожар на Осогово, изгореа 20 хектари со смрека и нискостеблести растенија

Територијалната противпожарна единица од Кочани го локализираше и успеа целосно да го изгасне шумскиот пожар што попладнево избувна на падините на Осоговските Планини, на десетина километри од градот.

Во огнената стихија изгореа околу 20 хектари со стебла од смрека и нискостеблести растенија, а со брзата и ефикасна интервенција на пожарникарите спречено е проширување на пожарот кон зимзелена шума.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons