ТЕЛМА СО ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ: Ова е поврзнаоста на нарачателот со убиениот Панче – првичната намера била да се бара откуп од родителите на Вања 

Што се случи со малата Вања?! Телма со ексклузивни информации на фејсбук страницата на телевизијата. Според Телма, осомничениот за двете убиства е ист. Според извори на Телма блиски до истрагата се работи за скопјанецот со прекар П.

Тој на 22-ри ноември го киднапирал велешанецот Панче со кој имал поврзаност за некакви наводни ископи на злато. Тој е убиен, а неговото возило е истото возило со кое подоцна убиецот заедно со неговите помошници се осомничени дека ја киднапирал од пред нејзиниот дом 14 годишната Вања кога тргнала на училиште, објави телевизијата.

Токму во атарот на селото Бразда е пронајдено утрово и нејзиното тело. Осомничениот Љ.П. со прекар П. не бил сам во грозоморното дело. Истрагата смета дека му помагал и неговиот возач и уште тројца за кои е предложен притвор.

Првичната намера на киднаперите била да бараат откуп од родителите на Вања, но за жал во 10 часот Вања е убиена со пиштол. Истиот ден на 27-ми полциијата го наоѓа возилото на велешанецот Панче, запалено во селото Бразда, истото со кое е киднапирана Вања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons