НАЈНОВА ДЕТАЛИ: Тројцата помагачи го признале делото – на главниот организатор и осомничен за убиството трагата му се губи во Србија

Полицијата трага по првоосомничениот за убиството на 14-годишното девојче со иницијали Љ.П. и прекар П. Тројцата помагачи го признале делото, објави доцна вечерва ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.

Полицијата трага по лицето Љ.П. од Скопје кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Првоосомничениот избегал од државата, а трагата му се губи во Србија, велат извори од истрагата за ДВ. Во моментов не се знае каде е, и по него се трага. 

Во неделата вечерта, полицијата и обвинителството соопштија дека го пронашле безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска во околината на Скопје. Девојчето, по кое полицијата трагаше седум дена, било убиено само неколку часа откако било киднапирано од пред својот дом во Скопје, во понеделникот на 27 ноември. Од киднапирањето на Ѓорчевска до нејзиното убиство минале околу 2,5 часа.

Две убиства со ист мотив 

Истата група од четири лица се осомничени и за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски д Велес кое било пријавено за исчезнато на 24 ноември годинава. Неговото безживотно тело било пронајдено во околината на Велес. 

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. соопшти полицијата. 

Убиство од користољубие 

За делото „убиство од користољубие“ македонскиот Кривичен законик предвидува казна затвор од 10 години до доживотно. Во повеќе медиуми во земјата кружат информации дека осомничените ги извршиле убиствата заради стекнување имотна и материјална корист, а се споменува и изнуда. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и првиот човек на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски за понеделник закажаа прес-конференција на која треба да се откријат повеќе детали за убиствата и улогата на поединци во нив.

DW

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons