ТАТКОТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Разочаран сум од системот

Семејството на Леонид Индов вели дека најмалку што очекувале е негативна одлука од Фондот за здравствено осигурување со оглед на состојбата на 18 годишното момче. Тие се разочарани од системот, но се благодарни на граѓаните. 

„Ние сме приморани на ваков чекор затоа што друг метод не знам дали би профункционирал освен мито, врски и пријатели во нашава држава ништо друго не функционира. Јас би сакал да ги прашам тие што потпишаа негативно и сакам да ми одговорат во нивното решение стои дека за состојбата на Леонид може да се лекува и третира во нашата држава, но не пишуваат каде. Вие да сте ја прочитале состојбата на Леонид каква што е дека тој е во животозагрозувачка опасност, не би донеле ваква одлука и јас најмалку што очекував е дека лекарската комисија ќе донесе ваква одлука“, вели Бранко Индов за Тв 24.

Семејството ќе поднесе жалба до второстепената комисија и очекува Фондот да ја промени одлуката.

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. 

Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија.

По реакции во јавноста во врска со лекувањето на младиот Леонид Индов, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, попладнево излезе со соопштение, каде се потенцира дека одлуката на ФЗОРСМ со што се одбива барањето за упатување во странство, сѐ уште не е конечна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons