Двојно убиство во кумановско: Брат ја убил сестрата и едниот внук, а го ранил ѝ другиот внук 

Брат смртно ги застрелал својата сестра и едниот внук, а го ранил другиот внук.

Двојното убиство се случило денеска во кумановското село Габреш, а според информациите се работи за нерасчистени имотно правни односи.

– На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско, поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово.

Според неофицијални информации, ранетиот веќе е пренесен на скопските клиники.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons