Таткото на Вања донесен во Кривичниот суд

Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. За него обвинителството бара 48-часа притвор. Со лисици на рацете, се сврте кон новинарите и ги крена палците нагоре.

Тој беше на распит синоќа во полициска станица, а денеска на прес-конференција, главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите од нејзиниот татко за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.

– За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото – рече Бубевски на претпладневната прес-конференција, кој дополни дека таткото ги негирал дејствијата.

Мотивот наводно била информација дека мајка ѝ на Вања продала стан и дека детето може да биде искористено за од неа да се изнудат пари.  Вања е однесена во атарот на селото Бразда, каде и била убиена околу 2 часа по киднапирањето. Зошто го убиле детето ако планирале да го користат за изнуда, органите на прогонот немаат логично објаснување.

На прес-конференцијата беше посочено дека првоосомничениот кој е организатор и извршител на убиството е во бегство, додека на тројца од осомничените им е изречен 48-часовен притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons