Изборите договорени, прв круг претседателски на 24 април, парламентарните со вториот круг за  претседател на 8 мај

Политичките партии застапени во Собранието на лидерската средба договорија парламентарните избори да се одржат на 8 мај, среда. Тие ќе бидат заедно со вториот круг на претседателските избори за кои првиот круг ќе боде на 24 април, исто така среда.

“Овие датуми ги договоривме имајќи ги предвид законските рокови и верските празници кои се во овој период. Конечно, после 17 години ќе имаме редовни парламентарни избори, а тоа говори за добрите владини политики”, рече премиерот Димитар Ковачевски во изјавата по лидерската средба.

Тој кажа дека 100 дена пред избори или на 28 јануари ќе се формира техничка влада и дека ќе биде испочитуван договорот премиерот да биде од редовите на ДУИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons