Студентите студираат на насоки кои се најплатени

Студентите имаат тенденција да се запишуваат на насоки кои носат повеќе пари, а не на оние за кои се најмногу заинтересирани. Просечната плата за компјутерски програмери, во земјава е 84. 000 денари и затоа на Универзитетот „Свети Кирили и Методи“ во оваа насока има најголем број пријавени студенти, поточно 1.100. Од друга страна, насоките како ветеринарна медицина, визуелни и драмски уметности, металургија се на работ на исчезнување.

Студенти пријавени во учебната 2022/2023

  • Факултет за драмска уметност – 11 студенти
  • Шумарски факултет – 25 студенти
  • Факултет за визуелни уметности – 30 студенти
  • Факултет за ветеринарна медицина – 34 студенти
  • Технолошко-металуршки факултет – 47 студенти

Според Државната агенција за статистика, професиите што произлегуваат од овие насоки имаат најниски плати, што е една од причините поради која студентите ги избегнуваат овие факултети. Од друга страна, повеќе студенти има на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство, на Економскиот и на Медицинскиот факултет.

Во топ 10 професии со најниски плати во земјава се и ветеринарите, исто така со просечна плата од 24 илјади денари. Според Рами Селмани од Комората на ветеринари дипломираните ветеринари работат и на други работи поради малата плата, и тоа ги демотивира студентите.

„Студентите не се заинтересирани да одат на ветеринарство, да станат иден ветеринар, поради многу причини, бидејќи има една од најниските плати во државата, а е една од основните професии во државата, да не беше ветеринарството, се е безвредно, ни лекарите, ни ништо не може да функционира. Затоа што секоја болест која доаѓа од животните, дури и превенцијата ја прават ветеринарите“, рече Рами Селмани, Комора на ветеринари на РСМ.

Селмани додаде дека за да не исчезне оваа професија мора итно да се преземат мерки како субвенционирање на студентите и афирмирање на оваа професија.

„Ова е многу лесно, ако државата сака да одиме напред, треба да има субвенции за студентите, тоа треба да се афирмира што е можно повеќе, државата да дава  простор за вработување, и платите да бидат над 600 евра, за студентот да има интерес за оваа професија“, додаде тој.

Во Агенцијата за вработување, според последните податоци, како невработени се евидентирани 623 магистри и 19 доктори на науки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons