СТРАШНО ТРЕСЕЊЕ: Први снимки од земјотресот од 7,6 степени- земјата се отвори, има загинати (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

Според локалните власти, земјотресот се случил утрово, има повредени, а оштетена е и инфраструктурата.

Три лица загинаа во лизгање на земјиште во градот Вау.

Директорот на Центарот за катастрофи во провинцијата Мороб, Чарли Масанж, изјави дека се уништени здравствени установи, домови и патишта и додаде дека може да биде потребно извесно време за да се процени штетата.

Тој истакна и дека на тој дел од островот нема многу граѓани и високи згради во близина на епицентарот и поради тоа е избегната катастрофа со оглед на тоа што земјотресот бил многу силен.

Шокантни се сликите кои покажуваат дека земјата буквално се отворила од силниот потрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons