Зеленски нема да признае никаков референдум на територии кои не е контролирани од Киев

Украина нема да ги признае референдумите на териториите кои не се контролирани од Киев, изјави претседателот на Украина Владимир Зеленски.

Зеленски верува дека може да има „многу“ референдуми.

– Украина и онака нема да го признае тоа – рече украинскиот лидер на прес-конференција по средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Зеленски рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од металуршкиот комбинат „Азовстал“.

– Украина е подготвена за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ – изјави Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Гутереш потврди дека со Зеленски разговарал за евакуација на цивили од фабриката „Азовстал“.

Тој не сакаше да зборува за можната временска рамка и детали за евакуацијата.

Заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Сибиг рече дека Гутереш и Зеленски разговарале и за организацијата на хуманитарни коридори, вклучително и од Мариупол, како и за безбедноста на храната.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons