Стоматолозите во среда на протест пред министерството за здравство 

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина во среда ќе одржат протест пред Министерството за здравство. Бараат промена на начинот на исплата во стоматологија преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите како и укинување на функцијата матичен стоматолог. Стоматолозите бараат фиксниот стоматолошки надоместок да биде по стоматолошки тим, а не по број на пациенти. 

„Исто така приватните здравствени установи кои обавуваат примарна и стоматолошка дејност надвор од мрежата, посебно од секундарната стоматолопка дејност да имаат право за издавање на упути, боледување и рецепти. Да не им се бара банкарска гаранција при формирање на тимови надвор од мрежата од специјалистичка секундарна стоматолошка дејност. Како и нов ценовник на стоматолошки услуги“,истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на ЗПЗСУ-ПДДМ.

Стоматолозите велат дека била потребна и оптимализација на бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците, односно ако сега се издавала лиценца за работа на 1.000 пациенти, тоа во иднина да било за 2.000 осигуреници по стоматолошки тим.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons