Скопје вечерва е седми најзагаден град во светот

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, Ајкјуер вечерва во 19 часот го рангира Скопје на седмото место во светот според загаденоста на воздухот со индекс од 160.

Printscreen / iqair.com/

Токму денеска и вечерва, над 70 делегации од 57 држави членки на ОБСЕ се наоѓаат во Скопје и имаат можност, (несакана) да се уверат до кое дереџе е дојдено со негрижата за животната средина во главниот град на Македонија.

Пред и по седмото место на таа неславна листа се наоѓаат големи индустриски центри од Азија, па така тоа е уште еден податок што никако не ја оправдува состојбата со воздухот во Скопје. Освен честите магливи ноќи и утра во скопската котлина, други оправдувања за вака високата загаденост едноставно нема.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons