Столтенберг: Северна Македонија е постојан сојузник и придонесувач кон колективната безбедност 

„Северна Македонија се покажа како постојан сојузник и вреден контрибутор на нашата колективна безбедност“ порача, во видео обраќање, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг на првиот Одбранбен форум што денеска се одржа во Скопје.

„НАТО сојузниците стојат солидарно. Ова е од витално значење зашто се соочуваме со најопасното безбедносно опкружување со генерации. Руската инвазија врз Украина е трагедија за земјата и опасност за сите нас. Ова е ситуација со која ниту еден сојузник не може сам да се соочи. Но, вие не сте сами, ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Сите за еден и еден за сите“ – рече Столтенберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons