Лекарите побараа да престане јавниот линч кон нив 

Од голема важност за здравјето на пациентите, работењето на лекарите и за функционирање на системот е да престане јавениот линч и осуда на лекарите и здравствените работници без да се има аргументи за тоа, соопштија денеска од Лекарската комора по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Повикот од Лекарска комора следува по случајот со малата Јана која почина ненадејно во битолската болница, случај кој ја разбранува македонската јавност која вината ја гледа во нестручноста на здравствените работници.

„Лекарите посветено ги извршуваат своите работни обврски и максимално се залагаат да пружат квалитетна здравствена заштита согласно расположливите услови за работа и искрено се борат за животот на секој пациент. Загубата на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине. Треба да се има предвид и дека медицинските состојби во одредени случаи знаат да бидат многу комплицирани, болестите да не се прикажат со типични симптоми, а одговорот кој го дава третманот да не биде како што се очекува“, истакнуваат од Лекарската комора.

Проф. д-р Горан Димитров во таа насока порача да не се нарушува угледот и честа на докторите кои се повеќе ја напуштаат земјата.

– Сочувство и жалам за семејството, но прво да се види дали е тоа инцидент, во секоја земја од Токио до Мајами се случуваат смртни случаи. Тоа треба да го сфатиме како дел од животот, кој секако треба да се испита – рече претседателот на МЛД.

Од Лекарската комора повика и да да ги задржиме лекарите во нашата земја така што ќе се поедностави политиката за вработување во јавното здравство. Според податоците на Лекарската комора, согласно нивниот регистар на издадени, продолжени и обновени лиценци за работи, има 9.520 активни докторки лиценци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons