Стигнаа вакцините за сезонски грип, да се пријават ризичните групи на граѓани 

Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население се пристигнати во земјава, информираат од Министерството за здравство. Во тек се законските процедури во МАЛМЕД, со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата Абот од Холандија.

„Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате. Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“, соопштуваат од МЗ. 

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на линкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons