На денешен ден пред 29 години Македонија го одигра првиот фудбалски натпревар (ВИДЕО) 

На 13 октомври 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот меч, тоа беше пријателски дуел против Словенија во Крањ. 

Македонија со убедлива победа над Словенија од 4-1 почна да ја пишува својата фудбалска историја. Тогаш селектор беше Андон Дончевски, а во стартниот состав играа: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдовски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски и Тони Мицевски. Првиот историски гол за Македонија го постигна Зоран Бошковски – Чоко, а во листата на стрелци се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драги Канатларовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons