ССМ тврди дека просечната плата во јавниот сектор е 21.300 денари, а 96% од вработените примаат под државниот просек 

Просечната плата во администрацијата е 21.300 денари, а 96 проценти од вработените се под просечната плата на државата, тврдат од Сојузот на синдикатите на Македонија, како демант на вчерашните, како што велат, дезинформации за просекот во јавната администрација.-Како се приближуваме до штрајкот, така се зголемуваат притисоците, но и дезинформациите во врска со висината на платите во администрацијата.Вчера се пренесоа информации за висина на платите и тоа просечните плати во администрацијата во одредени иснтитуции, дадени во бруто износ, со пресеметани додатоци и надоместоци на плата, со што се дава погрешна и надувана слика за платите во администрацијата, посочуваат од ССМ.Тие на својата фејсбук страница објавија и слика на која го преставуваат колапсот на платите во државната управа од 2012 до 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons