Дојранското езеро пред нова еколошка катастрофа – Три месеци исклучени пумпите за доток на вода 

Се заканува еколошка катастрофа на Дојранското езеро. Дво-деценискиот проект за спас на езерото е доведен пред пропаѓање поради исклучување на пумпите за доток на вода, објави Алфа ТВ.

Хидросистемот кој е во надлежност на министерството за животна средина веќе три месеци не е во функција.
Поранешниот директор на хидросистемот, Филип Дончовски вели дека пумпите биле изгасени кон крајот на февруари, поради високите сметки за струја, а од тогаш воопшто не се пуштени.

„Сега веќе по три месеци стопирање, забележливо е дека се намалува водостојот. На брегот е сосема видливо дека нивото на водата опаѓа“ – Изјави Филип Дончовски – Поранашен дирекотр на хидросистемот – за А1он.

Тој очекува дека проблемот особено ќе дојде до израз во август и септември, кога од грчката страна на езерото ќе ги вклучат пумпите за наводнување на нивите околу езерото, како и испарувањето на водата поради горештините кои следуваат.

Од министерството за животна средина признаваат дека ги исклучиле пумпите поради превисоките трошоци за електрична енергија, но, тоа го оправдуваат со водостојот на езерото, кој во последниот извештај бил малку над нормално ниво.

Иако на повеќе наврати се обидовме да го контактираме Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, тој не одговори на нашите повици.

Хидросистемот за спас на езерото е проект на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 1999та година, кога беше прогласена елементарна непогода и две години подоцна зпочна неговата изградба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons