Српската полиција ги откри земјите од кои доаѓаат лажни дојави за бомби

Припадниците на српските безбедносни служби идентификувале неколку земји од кои во последните недели на адресите на јавните објекти во Србија пристигнаа заканувачки пораки и лажни дојави за бомби, соопшти во средата вечерта Министерството за внатрешни работи на Србија.

„Утврдено е дека осум такви закани дошле од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Како што се додава, тие ги идентификувале локациите на вкупно 19 електронски адреси од кои пристигнале заканувачки пораки за поставени бомби на различни локации во Србија.

„Станува збор за странски државјани што не живеат во Србија“, се вели во соопштението.

Во оваа прилика, МВР на Србија разменува податоци преку Европол и Интерпол со надлежните органи на Шведска, Литванија, Швајцарија, Руската Федерација и Унгарија, како и со компанијата „Гугл“.

Според МВР, претходните денови и граѓани на Србија упатиле заканувачки пораки.

„Поради лажни пријави за поставени бомби во јавни објекти, припадниците на МУП за четири дена кривично гонеа осум лица, државјани на Србија – две лица се уапсени, а против шест други малолетници во редовна постапка се поднесени кривични пријави“, додаваат во соопштението.

Според нив, екипите на МВР на Србија во претходните три дена извршиле контрадиверзиски прегледи на неколку стотици јавни објекти, училишта, болници и трговски центри низ Србија, по што се покажало дека сите пријави се лажни.

Српската премиерка Ана Брнабиќ во вторникот (17 мај) рече дека информациите за бомби во Србија се притисок од странство бидејќи Србија не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, додека министерот за внатрешни работи Александар Вулин еден ден претходно рече дека против Србија се води специјална војна со лажни информации за бомби.

До овие сознанија дошле припадници на МВР, Управата за криминалистичка полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал, Вишото јавно обвинителство и Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons